
Марк Маркес е нов светски шампион - на пет трки пред крајот на сезоната
На патеката „Твин Ринг Мотеги“, Италијанецот оствари убедлив триумф, воедно и негова втора победа оваа сезона, со која го комплетира совршениот викенд, по славјето во саботниот спринт. Маркес доцнеше две секунди зад Бањаја, додека третото место го освои беше Жоан Мир на Хонда, кој првпат се искачи на подиумиот по пауза четири години.
Марк ја искористи првата меч-топка за титулата во Мотеги, бидејќи неговиот помлад брат Алекс, кој му беше негов единствен конкурент во борбата за титулата, заврши како шести. На овој начин, Марк ја врати титулата во свој посед по шест години и стана првиот возач кој успеа да го стори тоа по толку долг пост, а дополнителна тежина на успехот дава фактот што до неа дојде на пет трки пред крајот на сезоната.
Постариот од браќата Маркес дојде до својата вкупно деветта титула во кариерата по четири операции на раката што ја повреди на отворањето на сезоната 2020 во Херез, поради што пропушти 30 трки во четири сезони. На патот кон новата титула, која ја чекаше речиси шест години, тој имаше една од најдоминантните сезони во историјата, забележа 11 победи во главните трки, со уште четири подиуми, 14 спринтерски триумфи и два подиума во саботните трки.
Со освојувањето на својата прва титула по шест години, Маркес се израмни со Валентино Роси, бидејќи двајцата сега имаат седум шампионски титули во кралската класа, а вкупно девет во кариерите. Само Џакомо Агостини има повеќе титули од двајцата во најсилната категорија, осум. Агостини, патем, го држи рекордот за број на вкупни титули со 15, а само уште Анхел Нието има двоцифрен број - 13.