
Tиквеш ја прекина мини-серијата на Македонија Ѓ.П, Шкупи и понатаму тоне
Македонија Ѓорче Петров се обидуваше да дојде до израмнување, а таквата игра им се исплатеше во 58. минута. Гостите по една ситуација во шеснаесетикот добија пенал кој во гол го претвори Стоилов.
Сепак, во 67-та минута домашниот состав го врати водството, стрелец беше Ивановски. Тој гол се покажа и како доволен Тиквеш да ја збележи втората победа во првенството, додека за „лавовите“ ова беше пораз по две победи во низа.
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин, екипата на Шкупи забележа нов пораз, сега Арсими со 4-2. Чаирчани двапати се враќаа и изрмануваа, сепак не издржаа до крајот кога домашниот состав постигна два гола за триумф.
За Шкупи ова беше седми пораз во исто толку натпревари од стартот на сезоната и тие се единствениот тим без бодови на табелата.