Бугарите излегоа на улица – по 55 години пак ќе играат за златото на СП во одбојка!

Машката одбојкарска репрезентација на Бугарија се пласира во големото финале на Светското првенство (СП) на Филипините, откако во полуфиналето ја совлада Чешка со 3-1 во сетови (25-20, 23-25, 25-21, 25-22) во меч одигран пред околу 8.000 гледачи во Пасај Сити.

Нашиот источен сосед со триумфот обезбеди историско финале, каде ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу актуелниот светски првак Италија и европскиот шампион Полска. Ова е прво светско финале на за Бугарија по пауза од 55 години, каде што последен пат се најдоа во 1970 година на домашен терен, кога освоија сребро, а златото тогаш ѝ припадна на Источна Германија.

Бугарската репрезентација досега нема златен медал од големи натпреварувања. Најголемите достигнувања вклучуваат по едно сребро и четири бронзи од Светски и Европски првенства, како и сребреното олимписко финале во Москва во 1980 година. Ова предизвика еуфорија во државата, па иако се играше рано наутро, Бугарите веќе излегоа на улиците да го прослават големиот триумф.