
Албански фудбалер осуден на осум години затвор поради трговија со дрога во Финска
„Илта Саномат“ пишува дека обвинителот утврдил дека Кучи заедно со други лица илегално поседувал, препродавал и дистрибуирал кокаин низ Финска.
Кучи имал неколку складишта за дрога, а продажбата ја вршел на крајот на 2024 година, но и на почетокот на оваа година.
Полицијата успеала да го разбие криминалниот ланец во кој учествувале неколку лица, а повеќе детали се очекуваат наскоро.
Албанскиот фудбалер во кариерата играше за екипи како Хака, Хонка, ПК-35 и други.
Фото: fchonkaofficial