
„Нејмар е зависник од виски и наргиле и оди на спиење во 5 сабајле!“
Тој откри дека поранешната ѕвезда на Баарселона и ПСЖ наводно секојдневно консумира виски со енергетски пијалаци, пуши наргиле и останува во ноќни клубови до раните утрински часови. Според неговите зборови, тренинзите на Сантос започнуваат подоцна за да се прилагодат на навиките на фудбалерот.
Компанијата која ги застапува интересите на Нејмар, веднаш реагираше и најави тужба против новинарот поради, како што велат, „лажни и неосновани информации“.
„Нејмар е цел на клевети и невистини кои ја нарушуваат неговата чест и углед, но и ја дезинформираат јавноста“, стои во соопштението.
Бразилецот, кој важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот со блескави настапи во Барселона и ПСЖ, годинава се врати во Сантос по неуспешна авантура во Саудиска Арабија. Но, наместо нов подем во кариерата, тој повторно се соочува со повреди и се поретки настапи на теренот. Според Гомез, фановите нема да го видат во акција до крајот на оваа година.