Српски начин на гледање кошарка – со салама, кечап, мајонез и цела векна леб (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена звезда го освоија третото место на ВТБ Купот, совладувајќи го тимот на Дубаи (82-80) во „Штарк арената“ во Белград.

Најрасположен во победничкиот табор беше Џордан Нвора со 19 поени и пет скока, а значаен придонес дадоа и Тајсон Картер и Чима Монеке со по 13 поени. Спортската борба на паркетот не беше единствената атракција за публиката. Камерите уловија сцена од трибините која веднаш стана хит на социјалните мрежи. На големото платно во салата се појави навивачка, која среде натпревар правеше сендвич од голема векна леб, во кој прво стави салама, а потоа и кечап и мајонез.

Необичната сцена предизвика реакции и насмевки кај дел од присутните, особено кога навивачката го подели сендвичот со еден од фановите до неа.