
Ти Џеј Шортс е здрав, го победи вирусот!
Шортс наместо да летне со новите соиграчи на турнеја во Австралија, тој мораше да помине денови во болница. Пред повеќе од две недели Американецот кој има и македонски пасош беше итно хоспитализиран поради вирусна инфекција.
Тогаш беше нејасно колку време ќе му треба да се опорави и кога ќе им се врати на тренинзите.
Последните информации од Грција се позитивни, а тие велат дека Шортс веќе почнал со индивидуални тренинзи и во наредните денови ќе се приклучи на групните подготовки за новата сезона.