
Агентот на Муринен се јави по гласините за трансфер во Партизан!
Грчкиот портал „Спорт24“ излезе со тврдење дека кошаркарот кој е висок 210 сантиметри оди во Блеград на преговори за потпис со Партизан.
18-годишниот Финец кој го привлече вниманието на себе со настапите на Евробаскетот, во моментов е во САД и настапува за средношколскиот тим „Санрајс Кристиан Академи“.
По гласините за потпис со Партизан, се јави неговиот агент со неутрална порака која секој може да ја протолкува како што милува.
„Искуството на Евробаскетот го обликуваше Мика ова лето. Тој сака да биде со професионалци. Во кошарката е 24/7. Сака да јаде, дише и спие како ова лето. Сега ја бара најдобрата кошаркарска прилика“, напиша агентот Теди Арчер.
Дали тоа е колеџ кошарката или играње во Евролигата останува да се види. Наскоро ќе се знае дали има вистина во најавите за негов трансфер во Партизан.