Хрватска ватерполистка стана една од најсексипилните коментаторки во Европа (ФОТО)

Леонарда Павиќ (26) ја испиша спортската историја во мај 2021 година кога стана првата жена во Хрватска што пренесуваше фудбалски натпревар на телевизија, а во меѓувреме беше прогласена и за една од најсексапилните коментаторки во Европа.

Денес таа е и водителка на студиски емисии, коментаторка на ракомет и ватерполо и новинарка што интервјуира светски спортски ѕвезди како Жошко Гвардиол и Мохамед Салах. Павиќ својата медиумска кариера ја започна на „Планет Спорт ТВ“, а „огненото крштевање“ го имаше на „Арена спорт“ со шестчасовен пренос на автомобилска трка. Иако веруваше дека ќе почека со години за да добие фудбалски натпревар, шансата стигна многу побрзо – преносот на средбата ФЦСБ – Сепси од романската лига.

Нејзината спортска приказна започнува уште од детството. Родена е во Словачка, каде што татко ѝ Јошко играл професионален фудбал, а мајка ѝ била одбојкарка. Иако таткото не ѝ дозволил да тренира фудбал, Леонарда спортскиот дух го изразила преку ракомет, кошарка и особено ватерполо. Седум години настапувала за клубовите Бура и ПОШК од Сплит, а во 2018 година беше дел од хрватската репрезентација на Европското првенство во Барселона.

Студиите по новинарство на Факултетот за политички науки во Загреб ја насочија кон медиумите, каде што ја остварува својата втора страст – спортското новинарство. Често со насмевка ја цитира легендарната реченица на Мирослав Ќиро Блажевиќ: „Зошто жените да не коментираат? Па играчите не можат толку брзо да трчаат колку што жените можат брзо да зборуваат“.