
Динамо Загреб го „нокаутира“ Фенербахче, Ц. Звезда освои бод против Селтик
Поранешниот хрватски шампион до водство стигна во 21. минута кога Дион Дрена Бељо ја затресе мрежата на Фенербахче, а само четири минути подоцна турскиот гигант израмни преку Шимански.
Динамо тргна по сите три бодови во второто полувреме и успеа во мисијата, откако Бељо го постигна вториот погодок за 2-1, а на крајот во листата на стрелци се запиша и Бакрар.
По првото полувреме во Белград во кое мируваа мрежите, Селтик постигна гол преку Ихеаначо за предност од 1-0 во 55. минута, а набрзо Арнаутовиќ израмни на 1-1.
Возбудлив натпревар одиграа и Бетис и Нотингем Форест во Шпанија. По голот на Бакамбу за предност на домаќинот следеше блесок на Игор Жесус со два погодоци (1-2).
Ентони беше спасителот на Бетис, откако во 85. минута го пронајде патот до мрежата на Нотингем Форест за конечни 2-2.
Останати резултати:
Брага – Феенорд 1-0
Фрајбург – Базел 2-1
Малме – Лудогорец 1-2
Ница – Рома 1-2
Фото: Luka Stanzl/GNK Dinamo