Премиерлигашите без грешка до пласман во осминафинале во Лига Купот (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни уште четири натпревари во Лига Купот, а до победи стигнаа Манчестер сити против Хадерсфилд (2-0), Њукасл против Брадфорд Сити (4-1), Тотнем против Донкастер (3-0) и Арсенал против Порт Вејл (2-0).

„Граѓаните“ постигнаа по еден гол во двете полувремиња против Хадерсфилд. Најпрво Фоден погоди во 18. минута за водство од 1-0, а потоа Савињо во вториот дел стрелаше за конечни 2-0.

Њукасл славеше со 4-1 против Брадфорд, а по два погодоци постигнаа Жоелингтон и Осула, додека Тотнем со погодоците на Палиња, МекГрат и Џонсон запишаа триумф од 3-0 против Донкастер.

Арсенал успеа да го совлада Порт Вејл на крилјата на Езе и Тросар, па така си обезбеди осминафинале во Лига Купот.