Роденденска кореографија на „Чкембари“ на дуелот со ГОГ (ФОТО)

Навивачката група „Чкембари“ го прослави својот 40. роденден со кореографија на трибините на дуелот меѓу Пелистер и ГОГ Гудме во Лигата на шампиони (ЛШ).

Во салата во Битола, „Чкембари“ направија роденденска кореографија на која пишуваше „Ко вчера да беше“.

„Чкембари“ се едни од најстарите навивачки групи во Македонија, кои се формирани во далечната 1985 година, а пред неколку дена тие славеа и низ Битола.