Кејн доби јавна покана: Ако сака да дојде, вратата му е отворена!

Tренерот на Тотнем, Томас Франк не криеше дека сонува еден ден да го види Хари Кејн повторно во дресот на лондонскиот клуб.

Aнглискиот голгетер во 2023 година го напушти премиерлигашот и во трансфер вреден околу 100 милиони евра потпиша за германскиот гигант каде што продолжи со одличните настапи, но и освојуваа титули, нешто што не му одеше во Лондон.

„Многу навивачи на Тотнем, вклучувајќи ме и мене би сакале Кејн да се врати, но мислам дека тоа нема да се случи. Веројатно ќе продолжи во Баерн биејќи игра добро. Минатата сзона беше најдобар стрелец и ја освои Бундеслигата и тоа е фантастично“, изјави Франк.

Во својот договор Кејн има клаузула според која може во јануари да го напушти клубот за 54 милиони евра.

„Не знам за што размислува, но беше тука многу години и зошто да не ужива подолго во Баерн. Но, ако сака да дојде, секако дека е добредојден и вратата му е отворена“, порача стратегот на „петлите“.

Фото: FC Bayern München