Златната топка го добива најмладиот победник - со разлика каква што немало досега! (ФОТО)

Вечерва во Париз ќе биде објавен добитникот на престижната награда „Златна топка“ на Фанс фудбал за најдобар фудбалер во сезоната 2024/25, а на социјалните мрежи за победник веќе го прогласуваат Ламине Јамал.

Неофицијално, 18-годишниот ас на Барселона наводно освоил 805 гласови, пет повеќе од својот конкурент Осман Дембеле. Доколку тоа се потврди, Јамал ќе стане најмладиот освојувач во историјата, надминувајќи го Роналдо Назарио кој во 1997 година триумфираше на 21-годишна возраст. Иако се шпекулира со конечниот исход, официјално името на добитникот го знае единствено Венсан Гарсија, главниот уредник на списанието.

„Критериумите се индивидуални настапи, клучни изведби, освоени трофеи и фер-плеј на и вон теренот“, истакна Гарсија.

Шпанскиот новинар Еду Агире е убеден дека Јамал е победник, но од Париз пристигнаа спротивни тврдења – новинарот Ромен Коле Годен е сигурен дека наградата ќе оди кај Дембеле. Дополнителен интерес предизвикува фактот што Јамал во Париз поведе 20 членови од своето семејство, што многумина го сметаат за знак дека очекува триумф. ПСЖ, пак, клубот на Дембеле, нема да има свои претставници на церемонијата бидејќи тимот истата вечер игра одложен натпревар против Марсеј.

Најмала разлика повеќе победникот и второпласираниот двапати во историјата била само еден поен, а интересно е што досега немало избор на кој пет поени ги делело фудвалерот со трофејот и неговиот прв „следбеник“.