
Нов проблем за Барселона - се повреди Фермин Лопез
Ханси Флик поради повреди до вчера не можеше да смета на четворица фудбалери (Тер Штеген, Јамал, Балде и Гави), а од синоќа на овој список е и играчот од средниот ред Фермин Лопез. Непосредно по завршувањето на дуелот против Гетафе тој се пожалил на повреда на препоните, а теренот го напушти во болки и солзи. Непосредно по последниот свиреж на судијата, легна на тревата и го прекри лицето со дланките, а медицинскиот тим дотрча до него за да му укаже помош.
Резултатите од првите прегледи не се позитивни, но се очекува денеска да има детали за што се работи. Фермин и на почетокот од минатата сезона доживеа повреда поради која пропушти 11 натпревари.