
Меси е најдобар стрелец во МЛС - без ниеден пенал
Зад него сега е Англичанецот, Сем Стариџ од Нешвил со 21 и Габонецот, Бенис Буанга од Лос Анџелес со 19. Сепак, бројките на Меси се нереални дури и за него и дури и за натпреварување како МЛС.
Во овие 22 гола, аргентинскиот ас нема ниеден постигнат од пенал иако за тоа имаше шанса минатата недела кога промаши од белата точка против Шарлот. Интер Мајами и ноќеска доби пенал, но веројатно поучен од претходното промашување, Меси му го подари на Силвети кој исто така беше непрецизен.
За разлика од Меси, второпласираниот Стариџ има дури пет, а третиот Буанга дури седум гола постигнати од пенал оваа сезона. Досега во својата кариера, Аргентинецот има 882 гола и 391 асистенција што значи дека до крајот на оваа сезона би можел да достигне две важни граници во фудбалот.