
Антиќ ја избра најдобрата петорка на Македонија на сите времиња – без Пеце, Врба и Владо (ВИДЕО)
Некогашниот член на Атланта хокс и троен европски првак изненади со својот избор со оглед што во неговиот список немаше место за легенди како Петар Наумоски, Врбица Стефанов, Владо Илиевски, но и без него самиот. За Антиќ, меѓу петте најдобри во македонската кошаркарска историја се наоѓаат Благоја Георгиевски-Буштур, Мирза Куртовиќ, Дејан Јовановски, Тодор Гечевски и Душко Боцевски.
Коментаторот на ФИБА, Џош Бет, беше изненаден од изборот, особено што Антиќ не се стави самиот во петорката, на што доби одговор дека ова е играчите од кои учел и со кои растел. За разлика од него, новинарот што го правеше интервјуто направи поразлична најдобра петорка во која се најдоа Илиевски, Стефанов, Борис Нешовиќ, Антиќ и Предраг Самарџиски.