Шкупи се врати на Чаир, се вратија и Шверцерите - Македонија ЃП им ја расипа забавата! (ФОТО)

Македонија Ѓорче Петров со 2-0 победи на гостувањето кај Шкупи кој за првпат оваа сезона играше на Чаир, се врати и навивачката група Шверцери, но разочарани го напуштија стадионот.

Момците од Ѓорче Петров дојдоа до три важни бода, Шкупи и по ова седмо коло остана единствениот тим без освоен бод.

Гостите рано го отворија резултатот, со погодок на Клинтон во 5. минута поведоа со 1-0.

Пред крајот на првиот дел водството беше удвоено откако Христов реализираше пенал за 2-0.

Шкупи јалово се обидуваше да се врати, не создадоа доволно шанси за гол и не заслужија ништо од овој натпревар.

Гостите беа поблиску до нов гол отколку домаќините до погодок кој ќе ги врати во игра.

За Македонија ЃП ова беше трета победа оваа сезона.