Фудбалски викенд за паметење – ќе гори во Белград, Сплит, Рим, Атина...!

Денеска и утре, љубителите на фудбалот ќе уживаат во вистински спектакл – дури девет големи дерби натпревари низ Европа, меѓу кои (нај)големо внимание предизвикуваат хрватското, белградското, римското и атинското дерби меѓу најголемите ривали.

Спектакуларната програмата почнува денеска со традиционалното „Мерсисajд“ дерби помеѓу Ливерпул и Евертон на „Енфилд“, а веднаш потоа следува големиот судир во Сплит помеѓу Хајдук и Динамо. Додека тие ќе бидат во акција, на „Олд Трафорд“ ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Челзи, додека денешната вечер е резервирана за белградското вечно дерби – Партизан против Црвена звезда.

Утрешниот ден започнува со римската пресметка меѓу Лацио и Рома. Во попладневниот термин, ПСВ ќе го пречека Ајакс во дуел на најголемите во Холандија, по што следува големиот судир во Премиерлигата – Арсенал против Манчестер сити. Неделата завршува со уште два жестоки дуели - атинското дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос и класикот на францускиот југ и север помеѓу Марсеј – ПСЖ.

Сите натпревари, освен пресметката на „Пољуд“, македонските спортски вљубеници ќе може да ги проследат на каналите на Арена спорт телевизијата.

ФОТО: EPA PHOTO

ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА

САБОТА
Ливерпул – Евертон, 13:30
Хајдук – Динамо, 17:00
Манчестер јунајтед – Челзи, 18:30
Партизан – Црвена звезда, 19:00
НЕДЕЛА
Лацио – Рома, 12:30
ПСВ – Ајакс, 14:30
Арсенал – Манчестер сити, 17:30
Панатинаикос – Олимпијакос, 20:00
Марсеј – ПСЖ, 20:45