Чудна ситуација: Му го подари дресот на навивач, па си го бараше назад! (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи на мечот од Купот на Русија меѓу Зенит и Ахмат Грозни кога фудбалер најпрво го фрли дресот во публика, па потоа мораше да си го бара назад.

Фудбалерот доби црвен картон, па додека одеше кон соблекувалната го соблече дресот и го фрли во публика кон еден фан.

Но, ВАР ја промени одлуката, го поништи црвениот картон и фудбалерот мораше да се врати на теренот па си го побара дресот назад.

За негова среќа фанот имаше разбирање за ситуацијата, па без проблем му го врати дресот, а тој со насмевка го зема.