Убедливи победи за Германија и Франција, Украина по епска борба го освои Исланд

Европските гиганти Германија и Франција запишаа убедливи победи вечерва, додека Украина по епска битка освои три бодови против Исланд во квалификациите за Светското првенство (СП).

Германците постигнаа по два гола во двете полувремиња против Луксембург. Во првиот дел стрелаа Раум и Кимих од пенал за предност од 2-0 во првите 45 минути.

Луксембург не успеа да се соземе во вториот дел, па набрзо Германците преку Гнабри и Кимих во рок од две минути постигнаа уште два погодоци (4-0).

Французите се мачеа да ја пробијат одбраната на Азербејџан, а тоа им успеа преку Килијан Мбапе во финишот на првото полувреме, додека Рабио и Туван стрелаа во второто полувреме за триумф од 3-0.

Украина и Исланд одиграа неверојатно прво полувреме во кое беа постигнати дури четири погодоци. Гостите стрелаа двапати преку Малиновски и еднаш преку Гутсулјак, додека Исланд погоди преку ЕЛертсон.

Исланд во второто полувреме на крилјата на Гудмундсон до 75. минута успеа да израмни на 3-3, по што Украинците во завршницата тргнаа на сè или ништо, па тоа им се исплатеше зашто погодија преку Калиужњи и Очеретко.

Останати резултати:

Косово – Словенија 0-0
Северна Ирска – Словачка 2-0
Шведска – Швајцарија 0-2