Отворена истрага за помошникот на Симеоне - плукал навивачи! (ВИДЕО)

Ливерпул триумфира во дербито против Атлетико Мадрид со 3-2 во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а вистински хаос се случи на крајот кога тренерот Диего Симеоне доби црвен картон, а неговиот помошник беше обвинет дека плукал навивачи.

По обвинувањата на сметка на помошникот на Симеоне, Атлетико отвори истрага за да открие што се случило и наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.