Дочека и Шкупи добра вест: Конечно се враќа во Чаир!

На еден од проблемите со кои се соочува Шкупи конечно му доаѓа крајот и тимот веќе во следното коло ќе се врати во својот дом во Чаир.

Шкупи пред почетокот на сезоната не успеа да создаде услови за ВАР системот на стадионот во Чаир и поради тоа и службено загуби еден натпревар (против Силекс), како алтернатива играше и во Струмица, но сега конечно ќе може да играат пред својата публика.

Информацијата дека натпреварот против Македонија Ѓорче Петров Шкупи ќе го игра во Чаир ја потврди и клубот на на социјалните мрежи.

Дуелот со „лавовите“ Шкупи го игра в сабота на 20 септември. По шест кола екипата од Чаир е последна на табелата без освоен бод.