Шмајхел знае со кого погреши Јунајтед: Непотребно ризикуваа, мораа да го доведат

Легендарниот голман, Питер Шмајхел изрази големо разочарување што Манчестер јунајтед ова лето не успеал да го доведе Емилијано Мартинез.

Мартинез беше подготвен да ја напушти Астон вила, но на крајот клубот се одлучи за Сен Леменс кој има 23 години и само една сезона во професионналниот фудбал.

Според легендарниот Шмајхел кој со Манчестер јунајтед освои 15 трофеи, клубот од „Олд Трафорд“ непотребно ризикувал до крајот на преодниот рок.

„Требаше да го доведат Емилијано Маартинез. Всушност, кога имаа прилика требаше да тргнат по Донарума, но тоа беше поинаква ситуација. Со Мартинез работата беше речиси завршена и изгледаше како одлична опција. Докажан е на високо ниво и знае да игра големи натпревари, освен тоа може да биде и лидер, тој е голман кој го принудува напаѓачот да размисли двапати, тоа е нешто клучно“, истакна Шмајхел.

Астон вила за Матинез бараше околу 46 милиони евра, додека Јунајтед за Леменс на Ројал Антверп исплати 20 милиони евра.