Поразот од Саудиска Арабија донесе пад за Македонија на ФИФА ранг листата

Денеска Светската фудбалска организација (ФИФА) ја објави најновата ранг листа на која Македонија забележа пад од една позиција.

Македонија во овој месец одигра еден натпревар од квалификациите за Светското првенство дома против Лихтенштајн во кој славевме победа од 5-0 и еден пријателски против Саудиска Арабија во Прага кој го загубивме со 2-1.

Тој пораз од Саудиска Арабија беше доволен за да забележиме пад од една позиција и во овој момент се наоѓаме на 63. позиција, пред нас е Јордан кој на ова рангирање скокна две позиции.

Новото рангирање донесе и промена на врвот каде што сега е Шпанија со 1875 поени, потоа следи Франција, а Аргентина кој до овој месец беше лидер сега е трета.

Во проддолжение во топ десет се уште: Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Хрватска и Италија.