
Наполи со фотка од Елмас го најави дербито на денот во ЛШ! (ФОТО)
Манчестер Сити осоколен од победата над градскиот ривал Јунајтед, ќе се обиде со триумф да ја почне и новата сезона во Лигата на шампионите, но за противник го има италијанскиот шампион, Наполи.
Дел од овој меч треба да биде и нашиот Елиф Елмас, дилемата е дали ќе почне од првата минута или ќе влезе од клупата за резерви во текот на второто полувреме.
Наполи со слика од Елмас го најави денешното дерби од Лигата на шампионите, а тоа ја зголемува надежта дека би можеле да го видиме нашиот фудбалер од првата минута.
Внимание привлекува и втората пресметка во Англија каде Њукасл ќе ја пречека Барселона. Атмосферата на Сент Џејмс Парк ќе биде жешка, а каталонскиот тим без Ламин Јамал во составот ќе сака да си замине од таму со трите бода.
Останатите дуели се: Клуб Бриж – Монако, ФК Копенгахен – Баер Леверкузен, Ајнтрахт – Галатасарај и Спортинг – Каират.