Швајцарец со потекло од Куманово ќе ја засили Македонија на патот кон СП 2026!?
Станува збор за 27-годишниот Валон Хамдиу, кој според медиумите на албански јазик кај нас, прифатил да го облече македонскиот дрес. Искусниот дефанзивен играч од средниот ред во моментов игра за романскиот прволигаш Униреа, а претходно бил дел од повеќе швајцарски тимови како Шафхаузен, Белинцона и Винтетур, каде што ја почнал кариерата. Тој има настапи за младинската селекција на Косово, чиј пасош исто така има, но без настап за сениорскиот тим на нашиот северно-западен сосед што му овозможува да настапи за Македонија.
Нашата репрезентација во моментов е прва на табелата во квалификациската група Ј со 11 бодови од пет средби, односно еден повеќе од фаворизираната Белгија, која има меч помалку. Белгијанците се нашиот следен ривал во меч закажан за 10 октомври на теренот на противникот, што секако ќе биде клучен за нашите амбиции во борбата за првото место, што води директно на следниот Мундијал.
Потоа, до крајот на циклусот, избраниците на селекторот Благоја Милевски ги чекаат дуелите на домашен терен против Казахстан (13 октомври), пријателската со Летонија (13 ноември) и на крајот гостувањето кај Велс пет дена подоцна, што е последен меч од квалификациите...