Реал и Сосиедад му оддадоа признание на поранешниот селектор на Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Велшкиот стручњак Џон Тошак беше во центарот на вниманието на вчерашниот натпревар меѓу Сосиедад и Реал, одигран во Сан Себастијан.

Тој беше специјален гостин на баскискиот клуб, но со оглед на тоа што е поврзан и со Реал, „кралевите“ се вклучија во оддавањето признание за неговата работа во минатото. Пред почетокот на мечот, фудбалерите на двата клуба се поздравија со него, а Сосиедад и Реал му подарија пригодни подароци и дресови.

 

 

Тошак беше тренер на Сосиедад од 1985 до 1989 година и со овој клуб освои трофеј во Копа дел Реј и оттаму се пресели во Реал каде во единствената сезона триумфираше во Ла Лига. Баскијците повторно ги водеше од 1991 до 1994, а во 1999 се врати во Реал и неколку месеци остана на клупата откако Гус Хидинк доби отказ во февруари таа година.

Во својата долга тренерска кариера, Тошак беше и селектор на Македонија, точно една година, од август 2011 до август 2012 и тоа без поголем успех. На осумте меча под негово водство, македонската репрезентација оствари само една победа, а доби отказ откако го одби барањето на тогашниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски да се пресели во Македонија.