
Поп Арсова го освои 62. место на маратонот од СП во Токио (ВИДЕО)
Поп Арсова маратонот го истрча со време од 03:01.49, што беше доволно за 62. место од 73 атлетичарки кои ја стартуваа трката.
Трчањето се одвиваше во пеколни временски услови кои нашата атлетичарка успеа да го преброди и да стигне до целта.
За Поп Арсова ова беше трето Светско првенство, претходно настапуваше и во Орегон и Будимпешта.