Гвардиола: Откако јас сум тука, Сити секогаш е подобар од Јунајтед!

Денеска од 17:30 часот Манчестер Сити го пречекува Манчестер јунајтед во големото градско дерби, Пеп Гвардиола вели дека го почитува минатото на ривалот, но сегашноста е во нивна полза.

Двата клуба имаа лош старт на сезоната, Манчестер Сити освои само три бода од три кола, а Јунајтед има еден бод повеќе.

На прес-конференцијата пред мечот Гвардиола беше прашан дали Јунајтед се уште е опасен тим за Сити по сето она што му се случува на клубот по заминувањето на Фергусон.

„Имам голема почит за Јунајтед. Имам голема почит за нивната историја, за сето тоа што го направија во минатото, за тоа што му го дадоа на англискиот фудбал и на фудбалот воопошто. Па ако победат, победат“, вели Гвардиола.

„Можеби во минатото тие секогаш биле пред Сити, освоиле многу титули во Премиер лигата, но откако сум јас тука ние секогаш сме подобри. Секогаш. Во последните десет-девет години секогаш сме подобри. Во последните осум години шестпати ја освоивме лигата“.