
Арсенал го наполни Нотингем форест на дебито на Постекоглу! (ВИДЕО)
Момците на Микел Артета одиграа одличен натпревар и ја оправдаа фаворитската улога против Нотингем форест.
Анже Постекоглу виде дека ќе има многу работа за да го оствари успехот на Нотингем форест од минатата сезона.
Резултатот го отвори Зубименди со спректакуларен гол во 32. минута. Тоа беше негов деби гол за топчиите.
По неколку секунди игра во вториот дел Ѓокереш зголеми на 2-0 по асистенција на Езе.
Конечните 3-0 ги постави Зубименди со погодок со глава по асистенција од Тросар.