Аврамовски го промени клубот, но остана во Турција!

Maкедонскиот фудбалер Даниел Аврамовски и во наредната сезона ќе игра во Турција откако денеска беше потврдено дека потпишал договор со Сиваспор.

Аврамовски во Турција пристигна минатата година во Болуспор, каде што не се задржа долго и продолжи во Игдир, а сега ќе се обиде да му помогне на Сивас да се врати во најсилнатак конкуренција.

Низ кариерата Аврамовски беше дел уште од Вардар, Олимпија, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Македонија Ѓорче Петрови и Работнички каде што започна.

За сениорската репрезентација на Маакедонија собра осум настапи, а последниот беше против Исландво 2021 во квлаификациите за Светското првенство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sivasspor (@sivasspor)