
Пикси има комшмари од Англичаните - пред 38 години како играч, синоќа како селектор (ВИДЕО)
И едниот и другиот меч се одиграа на истото место, на белградска Маракана, првиот на 11 ноември 1987 година, а вториот синоќа. Пред 38 години, кога Пикси беше 22-годишна млада ѕвезда, Југославија загуби со 1-4 во квалификациски меч за Европското првенство во 1988 година. Пикси тогаш ги одигра сите 90 минути, но Англичаните беа пресилнни, а имаа и голема помош од индиспонираниот голман на Југославија, Мауро Равниќ кој беше виновен за три од четирите примени голови.
Синоќа беше уште полошо, со Пикси како селектор, Србија го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен во својата историја и речиси дефинитивно ги загуби шансите за директен пласман на Мундијалот.