
Американецот Вилсон е најново засилување на Пелистер
Вилсон е висок 210 сантиметри и треба да биде голема помош за битолчани под обрачите. Тој минатата сезона играше за Бодрумспор во Турција, а претходно настапуваше и во НЦАА-лигата за Вашингтон и Милвоки.
Американскиот центар во Бодрумспор имаше просек од 10,3 поени и 6,8 скокови по натпревар.
Пелистер претходно се засили со Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс, Си-Џеј Вилсон и со Брејси Дејвис.