Мијатовиќ: Пенали не промашуваат само тие што не ги шутираат!

Предраг Мијатовиќ, легендата на Реал Мадрид и сегашен потпретседател на Партизан е специјален гостин на спортскиот самит кој во Скопје денеска го организира Министерстово за спорт.

На панелот на кој говореше, секако се осврна на најсветлата, но и најтемната точка во неговата кариера - голот во финалето од ЛШ со кој на Реал му ја донесе титулата во 1998 година, но и промашениот пенал за селекцијата на тогашна Југославија на ЕП во некој месец подоцна.

„Секој спортист во кариерата има добри и лоши моменти и секогаш тие се тие што го одбележуваат неговото присуство на терените. Точно е дека најсветол момент во кариерата ми е голот против Јувентус во финалето и тоа што им го донесов пехарот во ЛШ, но најцрн момент да речеме е и пеналот против Холандија. Не верувам дека пречката сѐ уште се тресе, но знам дека пенали не промашуваат само тие што не ги ни шутираат“, шмекерски раскажа Мијатовиќ.