
Бугарија остана без селектор
Слабата форма и убедливите порази од Шпанија и Грузија (двапати по 3-0) го натераа искусниот стратег да се повлече од кормилото на националниот тим.
Покрај поразите Бугарија во тие натпревари не покажа речси ништо и играта на тимот беше без знаци дека може да има подобрување и тоа е нешто што веројатно повеќе загрижува.
Како што пишуваат бугарските медиуми, прв фаворит за нов селектор е Александар Тунчев кој во овој момент ја предводи екипата на Aрда. По овој циклус Бугарија во октомври ја чекаат тешки предизвици, прво против Турција дома, а потоа и против Ваљадолид на гостински терен.
Фото: Team Bulgaria/FB