Публиката во Белград му се истури на селекторот: Пикси, оди си! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија доживеа тотален дебакл откако вечерва на домашен терен загуби од Англија со 0-5, а навивачите на Маракана го искористија тоа за да му се истурат на селекторот Драган Стојковиќ кој е далеку од омилен во тамошната спортска јавност.

Всушност, притисокот врз Пикси почна уште пред почетокот, свирежи се слушнаа кога официјалниот спикер го прочита презимето на селекторот, но кулминираше на полувреме кога Србија веќе имаше негатива од 0-2. Додека Стојковиќ одеше кон соблекувалната, речиси цел стадион грмеше „Пикси, оди си“.

Истото, но во нешто помала мера, се случуваше и во текот на второто полувреме во кое Англичаните продолжија да ја газат домашната селекција и ѝ го нанесоа најтешкиот пораз на домашен терен.