Денеска Собослаи ќе си го оствари детскиот сон!

Детскиот сон на фудбалерот на Ливерпул, Доминик Собослаи вечерва ќе стане реалност кога Унгарија ќе се соочи со Португалија.

Собослаи денеска за првпат ќе игра против Роналдо кој е негов идол од детството.

„Сум играл против големи фудбалери, но никогаш не сум играл против него. Уште од дете тој е мојот идол. Конечно дојде времето. Се надевам дека искуството ќе биде позитивно“, вели Собослаи.

Интересно, токму на денешен ден, 9 септември 2009 година, Собослаи беше маскота на мечот меѓу Унгарија и Португалија и стоеше блиску до Кристијано Роналдо. Оттогаш поминаа 16 години, сега тој ќе игра против Португалецот.