
Повторно во Премиер лигата: Лампард ќе стане тренер на клубот каде што ја почна кариерата!?
Наводно, клубот од Лондон веќе прави планови за наследник на Грем Потер, а високо на листата котира Френк Лампард.
Тоа би било емотивно враќање на Лампард во клубот каде што научи да игра фудбал.
Тој беше дел од младинската академија на Вест Хем, по што во 1995 година дебитираше за сениорскиот тим на Чеканите и се задржа до 2001 година кога замина за Челси и стана вистинска легенда на сините.