Хујсен: Некои од фудбалерите на Барса ме задеваат, но ќе се видиме на - Ел Класико!

Новиот дефанзивец на Реал Мадрид, Дин Хујсен игра фантастично и во дресот на кралскиот клуб и за шпанската репрезентација, тој споделува дел од атмосферата во таборот на црвената фурија.

Хујсен има само 20 години, но делува исклучително сигурно на позицијата централен дефанзивец и импресионира со својата стабилност.

„Во националниот тим некои ми велат дека сум направил многу добра работа што сум потпишал за Реал Мадрид“, открива Хујсен како му е во репрезентацијата.

„Некои од играчите на Барса ме задеваат, но ќе се видиме на Ел Класико“.