Нови проблеми за Тухел: Англија ослабена ќе гостува во Белград

Англиската фудбалска репрезентација се соочува со нови проблеми пред мечот против Србија во Белград, затоа што тренерот Томас Тухел остана без услугите на искусниот дефанзивец Џон Стоунс.

Медиумите од Островот пишуваат дека Стоунс поради повреда го напуштил кампот на националниот тим, па поради тоа Тухел ќе мора да бара ново решение во одбраната.

Претходно од конкуренција за настап против Србија отпаднаа Трент Александер-Арнолд, Џуд Белингам, Кол Палмер, Букајо Сака и уште неколку фудбалери.

Дуелот меѓу Србија и Англија се игра на 9 септември од 20.45 часот.