Нагелсман ги критикуваше ѕвездите на Германија по поразот од Словачка

Фудбалерите на Германија беа непријатно изненадени од Словачка со 0-2 во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година, а тоа го изнервира селекторот Јулијан Нагелсман.

Германија изгледаше лошо на теренот, а Нагелсман не ги штедеше ѕвездите по поразот од Словачка.

„Денеска ги избравме најдобрите фудбалери од Германија, ако го погледнете нашиот тим. Можеби треба да се фокусираме на помалку квалитетни играчи и такви кои даваат сè од себе затоа што тоа ќе нè донесеше до позитивен резултат против Словачка“, кажа Нагелсман.

Избраниците на Нагелсман следниот меч го играат на 7 септември против Северна Ирска.

Фото: Facebook/Germany Football Team