Димитриевски на радарот на седумкратен турски шампион!

Македонскиот голман Столе Димитриевски сака да ја напушти Валенсија, каде што не добиваше голема минутажа, а како нова опција за неговата иднина се појави турскиот гигант Трабзонспор.

Седумкратниот турски шампион, каде што претходно играше и Енис Барди, веќе покажал интерес и испратил понуда до Валенсија.

Валенсија е подготвена да го продаде македонскиот репрезентативен голман, меѓутоа бара над два милиони евра за да се реализира трансферот.

Димитриевски има договор со екипата од Ла Лига до јуни 2026 година, но сака уште летово да го реши прашањето за својата иднина.

Искусниот голман во кариерата бранеше за Работнички, Гранад, Кадиз Б, Химнастик, Рајо Валјекано и Валенсија.