
Светскиот првак моќно го почна ЕП – убедливо ја прегази Црна Гора!
Победата е уште позначајна, ако се знае дека ова е првпат Црногорците да примат најмалку 100 поени на официјален натпревар. Најефикасни кај Германија беа Франц Вагнер со 22 поени и Денис Шродер со 21 поен. Кај Црна Гора, Никола Вучевиќ имаше 23 поени и десет скока. Сепак, загриженост предизвика повредата на Исак Бонга, кој по еден скок под својот кош почувствува проблем и побара замена, завршувајќи го настапот предвреме.
Во следното коло, Германија ќе се сретне со Шведска во петок, додека Црна Гора ќе се обиде за подобар резултат против Литванија.