
Се „крчка“ ли трансфер? За Димитриевски Хајдук е најголем клуб во Хрватска (ФОТО)
Неговиот став дојде како реакција на договорите на сплиќани со Уго Гијамон и Едгар Гонзалес. Гијамон (25), кој доаѓа од Валенсија, треба да биде новиот организатор на играта во средниот ред, додека Гонзалес (28) ќе ја зајакне одбраната со своето искуство и сигурност. Интересно е што токму Димитриевски, се уште актуелен голман на Валенсија, јавно го поздрави потегот на својот доскорешен соиграч.
„Најголем клуб во Хрватска. Уживај“, му порача македонскиот чувар на мрежата на Гијамон.
Реакцијата на нашиот Столе е на објавата на Гијамон, кој веднаш по потписот се обрати на хрватски јазик преку социјалните мрежи, изразувајќи возбуда што станува дел од тимот и најави средба со навивачите на неделниот натпревар на „Пољуд“.