Барса одби 50 милиони евра од Челси и ја одреди цената за Фермин Лопез!

Според „Мундо Депортиво“, Барселона ја одбила понудата од 50 милиони евра на Челси за Фермин Лопез.

Овој каталонски медиум пишува дека Барса сака 70 милиони евра за својот фудбалер и нема да го продаде за помала сума од таа.

Се веруваше дека понудата на Челси е задоволителна и Барса ќе ја прифати, но последните информации велат дека каталонскиот клуб бара уште пари.

Нејасно е дали Челси ќе продолжи да ја зголемува понудата или ќе се откаже.

Тие на Фермин му понудија повеќе од двојно поголема плата. Тој сега во Барселона заработува шест милиони бруто, а англискиот клуб му нуди 15 милиони бруто.