Aнчелоти го објави списокот: Бразил без Винисиус, Родриго и Нејмар

Репрезентацијата на Бразил веќе обезбеди пласман на следното Светско првенство, а токму поради таа причина Карло Анчелоти oдлучи малку да ги „измеша картите“ за предизвиците кои им претстојат на „Кариоките“.

На списокот на Анчелои сега ги нема Винисиус Жуниор и Рориго од Реал Мадрид, а исто така отсуствува и Нејмар кој неодамна се повреди.

Нападот овој пат ќе го предводи Жоао Педро, новото засилување на Челси кој се наоѓа во одлична форма од стартот од сезоната.

СПИСОКОТ НА БРАЗИЛ:

Голмани: Алисoн, Бенто, Уго Соуза
Одбрана: Весли, Вандерсон, Алекс Сандро, Кајо Енрике, Даглас Сантос, Габриел Магалаеш, Маркињос, Александаро, Фабрисио Бруно
Среден ред: Андреј Сантос, Бруно Гимараеш, Каземиро, Жоелинтон, Лукас Пакета
Напад: Естевaо, Габриел Мартинели, Кајо Жорге, Луис Енрике, Матеус Куња, Рафиња, Ришарлисон, Жоао Педро

Бразил во овој циклус го очекуваат натпревари против Чиле на 5 септември и против Боливија пет дена подоцна.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol/FB