Фудбалската федерација ја укина котизацијата за второлигашите

Првпат по 15 години, македонските фудбалски второлигаши нема да мораат да платат котизација за учество во оваа конкуренција.

Фудбалската федерација на Македонија донесе ваква одлука на четири дена пред почетокот на новата сезона во Втората лига. Вкупната сума од која се ослободуваат клубовите со оваа мерка изнесува 128 илјади евра годишно, што треба да претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност.

Покрај ова, донесена е официјална одлука, Преспа да го пополни местото на Беса која објави дека нема да се натпреварува во Втората лига. Новата сезона во оваа конкуренција стартува на 23 август.