
Земјотрес од Бразил: Анчелоти се откажа од Винисиус
Ова е одлуката која го шокираше цел Бразил затоа што Винисиус, како што тврдат тамошните медиуми, воопшто нема да се најде на списокот на Карло Анчелоти кој треба да биде објавен денеска. Фудбалерот на Реал е суспендиран за дуелот со Чиле поради жолти картони, но можеше да конкурира за последниот меч од квалификациите, против Боливија. Анчелоти, сепак, одлучи да не го повика за што некои сметаат дека главна причина е тоа што тој се уште е во фаза на подготовки поради учеството на Светското клупско првенство.
Бразил веќе го обезбеди пласманот на Светското првенство и последните два меча од квалификациите се само формалност.
Одлуката на Анчелоти, сепак, е изненадување и за челниците на Федерацијата бидејќи во најавата за натпреварите на социјалните мрежи постојано во прв план беше Винисиус.