
Најубавата македонска фудбалерка повторно игра во Тетово (ФОТО)
Живиќ која една година паузираше поради повреда му се враќа на фудбалот, повторно ќе го носи дресот на „својот“ Љуботен.
Таа веќе го имаше првиот настап сезонава откако изминатата недела во првото коло влезе од клупата и веднаш постигна гол иако станува збор за дефанзивка.
„После месеци на болка, трпение и неуморна работа, конечно сум таму каде што припаѓам. Повредата се обиде да ме скрши, но само ме направи посилна. Нови предизвици. Ист незапирлив дух“, напиша Живиќ на социјалните мрежи.
Покрај за Љуботен, таа има настапувано и за Скопје, Шкендија, Сплит и Ријека, а има настапи и за македонската репрезентација.